Камјани по ремито со Пелистер го промовираше Ардин Нуредини

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани по ремито со Пелистер во Битола каде одигра 1:1 го промовираше младиот талент Ардин Нуредини.

Станува збор за 17-годишен фудбалер кој игра како крилен и централен напаѓач, а се очекува да биде одлично засилување и освежување во тимот на Камјани.

Нуредини доаѓа од редовите на тетовска Шкендија, а кариерата ја започна во Гостивар.

Нуредини веќе го имаше своето деби во дресот на Камјани, на мечот против Пелистер од првото коло, кога во игра влезе во 69. минута од средбата која заврши без победник (1:1) за делба на бодовите, а меч кој го следевте во живо на М Нет телевизија.

За Камјани бодот против Пелистер е голем, а во следното коло Камјани на домашен терен против Осогово ќе бара прва историска победа како дебитант во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет