
Третолигашот Карбинци ги започна летните подготовки за новата сезона во Трета лига регион 3, со првиот собир и тренинг под водство на Мирче Матков, кој и во новата сезона ќе го води овој третолигаш.
Клубот го напушти Марио Атанасовски кој замина во редовите на Брегалница Делчево, а претходно и голманот Филип Слободановски, кој премина во Победа од Валандово, а клубот нема дам оже да смета ниту на Бобна Стојанов, кој е повреден.
Како што информираат од ФК Карбинци, на голманската позиција пристигнал Бојан Сандев од Осогово, а се водат преговори за ангажман на уште неколку играчи на позициите на кои се потребни засилувања.
Во изминатите сезони Карбинци секогаш бил стабилен третолигаш и водел борба за горниот дел од табелата, а многу натпревари овој тим и ги решавал во трката за титулата и баражот за Втора лига, а исто така редовно се натпреварува и во Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет