Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов, со повреди на телото, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот.
„Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“.
Текстот Пронајден мртов, со повреди на телото, директорот на Алсат, Лирим Хајредини е превземен од МАКФАКС.