Се зголемува бројот на екипи кои ќе настапат во Втората женска фудбалска лига

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Втората женска фудбалска лига годинава ќе брои поголем број на екипи во однос на минатата сезона, засега десет екипи, но не е исклучена можност за уште некоја екипа.

Од минатата сезона остануваат Плачковица, Борец, Билјанини Извори и Слободен кои се натпреваруваа и минатата сезона, како и Топ Гол кој испадна од Прва лига. Повратник во второлигашкото друштво е тимот на Победа Валандово, а нови второлигаши кои за првпат ќе се натпреваруваат ќе бидат Менада од Тетово, Башкими од Куманово, Ржаничино од Скопје и Топ Гирлс од Охрид.

Минатата сезона се натпреваруваа само шест екипи, а годинава второлигашкото друштво ќе брои десет екипи. Но, ова бројка не е конечна, бидејќи истата може да се зголеми со нови заинтересирани екипи.

Како и во минатата сезона првопласираниот тим ќе обезбеди директен влез во Прва лига, а пак второпласираниот тим ќе игра бараж за влез во елитното друштво.

Конкуренцијата ќе биде силна за горниот дел од табелата, а дел од екипите ќе настапат со млади играчи и нивната цел ќе биде развој на истите.

Александар Ванев, М-Нет