Пелистер и Новаци претставија по едно засилување, Брера Струмица донесе двајца нови играчи

Второлигашите пред стартот на новата сезона промовираат нови играчи со кои го подигаат квалитетот во своите редовите.

Пелистер се засили со 20-годишното лево крило Кире Стојанов, кој доаѓа од Брера Струмица, а низ неговата кариера беше дел и од Беласица. Зад себе има настапи и во Првата македонска фудбалска лига.

Новаци кој го води штипскиот тренер Иван Варадиновски се засили со 22-годишниот десен бек Стефан Ивановски, кој доаѓа од Пелистер. Низ неговата кариера настапуваше за битолски школи каде ја започна кариерата.

Брера Струмица се засили со Владимир Жоглев и Стефан Наумчески за новата сезона. Жоглев доаѓа од редовите на Шкендија Арачиново, а низ кариерата 27-годишниот искусен голгетер беше дел од Осогово, Борец, Беса, Победа, Скопје, Вардар и Тетекс.

26-годишниот Наумчески е повратник во редовите на Брера Струмица, доаѓа од Приштина, настапуваше и за Тиквеш, Вардар и Победа.

Новата сезона во Втора лига започнува овој викенд.

Александар Ванев, М-Нет