Од 19 до 21 август се уписите на УГД, над 3.000 слободни места, интересот 28 % поголем од лани

Од 19 до 21 август се отвораат вратите за новата генерација студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој годинава нуди повеќе од 3.000 слободни места. Системот за пријавување веќе е отворен, а кандидатите можат да ги поднесуваат документите и директно во Штип, Скопје и Струмица. Интересот е зголемен за 28 проценти во однос на лани, со над 560 досега поднесени пријави. Како што рече ректорот Дејан Мираковски, најголем интерес има за медицинските науки и информатиката, а висока заинтересираност има и за економско, мправните и техничките факултети. За најдобрите кандидати со освоени над 80 поени, УГД и годинава обезбедува ослободување од партиципација.

,,Системот за пријавување е веќе отворен и активен, имаме пријави над околу 560 пријави, некаде околу 28 проценти повеќе од истиот период лани пријавено студенти. Студентите можат да ги поднесуваат пријавите, може и дирекно да ги донесат документите, како што кажав. Упсиите се идната недела, средна, четврток и петок, значи од 19 до 21, наши тимови, се веќе подгтовени и присутни на работните места и ќе ги сервисираат сите потреби, како и до сега, за пријавување на студентите на уписите. Документи ќе се примаат не само во Штип, туку и во Скопје и Струмица. Генерално вкупно имаме околу 1692 места во државна квота, 972 места се наменети за студенти со кофинансирање и 735 места за вонредни студенти. Бројките од прилика се тоа, најголем интерес за сега стандардно се забележува на факултетот за медицински науки, потоа факултетот за информатика, економски правен, интерес има и на техничките факултети. Би сакал дополнително да додадам дека и оваа година како и другите години ќе имаме за најдобро ренгерираните кандидати што се пријавуваат во првиот уписен рок ослободување од партиципацијата. За кандидатите што имаа повеќе од 80 поени и тоа на 20 студенти на медицинскиот факултет, односно 10 на општа медицина и по пет на фармација и дентална медицина. На факултетот на информатика 10, на земјоделски 10, факултет за природно технички науки 10 , економски факултет 10, правен 10, факултет за туризам 10 и по 5 на електро техгничкиот, технолошкиот и факултетот за образовни науки. Музичката академија исто 5, а ликовната и филмската по 2 студента се ослободуваат од партиципацијата.“, вели Мираковски

Универзитетот подолго време соработуваат со стопанската комора и директно со компаниите кои соработуваат со Универзитетот. На повеќе факултети се унапредени студиските програми и се воведени нови, со фокус на вработливоста на младите.

,,Значи ние подолго време соработуваме на таа тема, и со стопанската комора и со дирекно со компаниите кои што соработуваат со нас. На поголем дел од факултетит, студиските програми се напредени. Воведени се нови студиски програми, компленот нови, со фокус на вработливоста на младите луѓе и генерално да, најголем дел од студентите, кои што завршуваат, наоѓаат бргу вработување.“, додава Мираковски

Како што потенцираше ректорот Мираковски, физичкото доставување на документите е предвидено за 19, 20 и 21 август, но службите на УГД веќе се отворени и ги примаат документите и порано. Ова е за студентите кои поради патување или други обврски нема да можат да дојдат во предвидениот рок.

Иван Митев, М-Нет