Вардар и аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани спогодбено го раскинаа договорот

Македонскиот шампион Вардар по поразот од Шкендија со резултат од 0:2 се раздели со аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани, откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот за понатамошна соработка.

Аргенцинецот во македонскиот шампион дојде со високи амбиции, но Вардар заврши со настапите во Европа, а веќе во второто коло доживеа пораз од 0:2 од директниот конкурент за титулата Шкендија.

Фабијани пристигна како наследник на Гоце Седлоски, а сега најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе треба да бара ново тренерско решение за продолжението од сезоната каде Вардар има за задача да ја одбрани шампионската титула.

Во следната трета рунда од шампионатот Вардар ќе се соочи со Струга Трим Лум во гости во уште еден неизвесен дуел.

Александар Ванев, М-Нет