
Одбојкарскиот клуб Младост УГД од Штип, кој се натпреварува во Првата женска лига го комплетира стручниот штаб, но работи активно на екипирање и на ростерот за новата сезона 2026/2027.
Клубот од градот под Исарот ја продолжи соработката со тренерот Кристина Лазаровска, од каде посочуваат дека нејзината професионалност и посветеност претставуваат значаен дел од стручниот штаб и од континуираниот развој на клубот. Лазаровска има големо искуство со над 20 години во овој спорт.
Од клубот потврдија дека Благој Тасев ќе продолжи да го води Младост УГД и во новата сезона. Се работи за тренер со повеќе од две децении искуство во одбојакта, низ неговата кариера предводе повеќе од 15-тина екипи, со што зад себе има големо искуство.
Во стручниот штаб ќе работи и Иван Ристов како кондиционен тренер. Од клубот посочуваат дека како доктор и фитнер тренер, Ристов ќе продолжи да работи на физичката подготовка, превенцијата од повреди и унапредување на индивидуалните и тимските перформанси на одбојкарките.
Стручниот штаб е комплетиран со Борис Лазаровски кој ќе има улога на статистичар, кој ќе биде задолжен за статистичка ананалитика и детална анализа на податоците од секој натпревар, го следи учиникот на секоја одбојкарка и ги анализира индивидуалните и тимските грешки.
Во однос на играчкиот кадар Сара Стојанова останува и во сезона 2026/2027 во Младост УГД која игра на позицијата примач и ќе ја носи капитенската лента во тимот од Штип.
Александар Ванев, М-Нет