„Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар“, вели Кети Штерјова од СДСМ.
„И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода. Сега ќе се чека до 20 август за да се соопштат резултатите од анализите на водата за пиење во Гостивар. До тогаш граѓаните се оставени сами на себе, во неизвесност и страв за сопственото здравје. Во грч да не се појават нови болести, нови последици по нивното здравје.
Тврдеа дека водата е „технички исправна“, и тоа само затоа што Мицкоски рекол дека е исправна. Не анализите, туку Мицкоски. Никогаш не беше објавен извештај, анализа на водата и потпис кој одобрил „техничка вода“. Министерот за полиција – Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и им порача на граѓаните да ја пуштат водата да истече од чешмите.
Директорот Стојанче Ангелов потврди дека има опасна бактерија во водата. И додека народот страда, тендер-патриотите профитираат со бизнис зделки од 100.000 евра за вода во Гостивар. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.
Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат! Ова неодговорност и свесно загрозување на здравјето на граѓаните. Ова е свесно труење на народот!“, изјави Кети Штерјова од СДСМ.
Текстот (Видео) Штерјова: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија е превземен од МАКФАКС.