Каменица Саса ја доби Речица на пријателски меч, викендот следуваат нови тест-мечеви

ФОТО: Александар Ванев

Викендот што следи ќе биде искористен за одигрување на нови пријателски натпревари за проверка на формата кај прволигашите во женска конкуренција, откако и во изминатиот период се одиграа неколку контролни средби кај девојките.

ЖФК Каменица Саса со резултат од 0:2 ја доби Речица на контролен меч каде капитенот Ана Димитровска беше двоен стрелец. Пред тимот од Македонска Каменица ќе следуваат уште неколку контролни средби.

Во Струмица овој викенд ќе се игра контролен меч меѓу Тиверија Брера и Истатов, откако овие две екипи и пред една недела ја проверуваа формата во Дојран кога струмичанки беа подобри со 3:5 од истатовки.

Новата сезона во Првата женска фудбалска лига започнува на 23 август со мечевите од првото воведно коло.

Александар Ванев, М-Нет