
Молитвата е единствениот златен клуч за отворањето на рајските порти, смета познатиот штипјанец Мики Трајчевски. Тој вели дека верата, исповедта, покајанието и светата причест се темелите на христијанскиот живот. Според него, преголемата желба луѓето да живеат независно едни од други води кон изолација. Затоа ги повикува православните верници да се молат и да му пристапуваат на Бога со чисто срце, силна вера и страв Божји.
,,Молитва кон Бога насочена, со целосна посветеност и страв божји. Затоа е и запишано за секој граѓанин на Македонија да знае, молитвата е за сите оние благочестиви македонски православни христијани, за сите оние кои што со чиста вера и срце и страв божји пристапуваа кон верата Христова, тоа е единствениот златен клуч за отворање на рајските порти. Преку исповедени, светата причест и покајание. И да не заборавиме за она што е суштинско, како што е прецезирал и е дал многу јасна и прецизна дефиниција пресилната и екстремна желба на луѓето независно да егзистират едни од други активира еден процес на лавиринти, односно изолација.“, тврди Трајчевски
Секој човек треба да ја знае смислата на своето постоење и вредноста на животот, вели Трајчевски. Според него, човекот е дар од Божјата љубов и благодат.
,,Најважно е за нас граѓаните на Македонија да ја согледаме вистинската вредност на овој свет и да ги откриеме вистинските причини за суштината на нашето псотоење. Значи ние сме плодови на божја милост и љубов. Плодотови на божјата благодат и сето она што е околу нас, ова секојдневие
Трајчевски со порака дека човекот не треба да ја заборави верата и смислата на својот живот. Молитвата и Божјата љубов, според него, се потпора во секојдневието.
Иван Митев, М-Нет