
Целосно подготвени со даден распоред и потреба од машини и возила за зимската сезона се ,,Македонија пат“ вели раководителот Влатко Цоневски. Тој додава дека во месец август почнуваат подготовките за зимната сезона, како и тоа дека се уште имаат залихи од лани. Цоневски прецизира дека имаат план и програма за набавување на претстојната сезона.
,,Денеска дадовме распоред и потреба од машини и возила за зимската сезона, баш денес. Значи на почетокот на август се спремаме за зимната сезона. Значи имаме лански залихи, имаме и план и програма за набавување за тековната година, тековната сезона, зимска што ни е 2026/27“, истакна Цоневски
Цоневски вели дека работат на одржување на патиштата, инвестиционо, но и редовно.
Истакнува дека покрај одржувањето на патиштата, ќе се доработи и заокружи годишната програма. Со средствата коишто ги имаат и со добра програма, тој очекува успешна реализација.
,,Имаме инвестиции, имаме, работиме, уште имаме за заокружување на годишната програма, имаме уште за доработување. Задоволни сме. Работиме и на одржување и на инвестиционо одржување на патишта. Имаме редовно одржување и инвестиционо одржување. И сме задоволни. Имаме средства, програмата ни е добра, имаме извршување, имаме реализација, за сите добра“, потенцира Цоневски
Инаку, од досегашните активности, раководителот Цоневски вели дека се задоволни.
Ева Тушевска, М-Нет