
Брегалница в сабота ќе го одигра првиот домашен меч во новата сезона против Арсими, во рамките на 2. коло на Првата лига, а капитенот Стефан Коцев, вели дека ги очекува тежок натпревар против тимот од Чегране, но дополнува дека целат кон три бодови.
„Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната цел. Новите засилувања донесоа дополнителен квалитет и конкуренција во тимот, што само нѐ прави посилни. Како капитен, верувам во оваа екипа и во работата и енергијата што ја вложуваме секој ден. Во сабота нѐ очекува тежок натпревар против Арсими, но со максимално сериозен пристап, борба и поддршка од нашите навивачи, верувам дека ќе ги освоиме трите бода. Ја повикувам штипската публика и навивачите во сабота, да го “наполниме” Градски и на крај сите заедно да се надеваме на првите 3 бодови во новата сезона во прва лига“, изјави Коцев.
Натпреварот ќе се игра во вечерен термин од 19 часот, а билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.
Александар Ванев, М-Нет