Билетите за мечот под рефлектори меѓу Брегалница и Арсими во Штип по цена од 100 денари

Брегалница в сабота го игра првиот домашен меч како повратник во Првата македонска фудбалска лига, во рамки на второто коло во единствениот меч под рефлектори за оваа рунда „сините“ ќе се соочат со Арсими од Чегране.

Штип е подготвен за прволигашки фудбал, билетите за мечот меѓу Брегалница и Арсими ќе се продават по цена од 100 денари на влезот на стадионот на денот на натпреварот, а на располагање за верната публика ќе биде новата трибината на Градскиот стадион во Штип.

Се очекува полна трибина, штипјани ќе даваат силна поддршка за „сините“, на патот да стигнат до првото сезонско славје, а за Арсими тоа ќе биде гостува на „жежок“ терен, каде тешко се освојуваат бодови.

Стратезите на двете екипи Никола Кузманов и Вилдан Салиу имаат уште неколку денови за подготовки пред дуелот за први бодови во градот под Исарот.

Натпреварот ќе започне во 19 часот, каде и двете екипи меѓусебно ќе ја бараат првата сезонска победа, откако шампионатот го отворија со порази. Брегалница беше поразена во првото воведно коло од шампионот Вардар во Скопје со 2:0, а пак Арсими доживеа тежок пораз од 5:1 во Кавадарци од Тиквеш.

Александар Ванев, М-Нет