
Лут везен пипер по 150 денари за килограм, почна да се продава во Штип. Произведен под тешки услови на голема суша, жештини, но и невремето кое го зафати регионот, производителите велат цената е реална и достапна за сечиј џеб. Ако минатата година везениот пипер достгинувал цена и до 200 денари, сега целат е подобро. Задоволни се тие од побарувачката, а секој го зима за различни потреби. Едни за печење, други за нижење, а има и такви кои пиперот го зимаат за пржење.
,,Цената е 150 денари, уште не е шпицот, а може да постигне и поскапо. Лани беше 200,180 денари. Овој е лут, а имам и благ. Овој е по рано. Благ се уште немаме берба. Цената ќе видиме на благиот. Производството на овој сега беше мнгоу тешко. Многу е жешко, суша, невреме не фати и слично. Купуваат го, има побарувачка, веќе втор пазар ние го носиме овде. Нижат го, некој го пече и слично. Здрав е, корисен.“, велат производителите
Производителите велат дека везениот пипер има поинаков шмек, вкус и изглед од останатиот. И се поретко може да се сретне надвор од Македонија. Иако пиперот е речиси единствен во државата, земјоделците децидни дека ќе немаат наследници, младите среќата ја бараат надвор од државата.
,,Овај има друг шмек, друг вкус, стара сорта, наша. Ова го нема во соседството. Населдници имам. Едениот син ми е ученик, другиот во странство и така.“, додаваат производители
Инаку, покрај за пржење и за нижење, везениот пипер штипјанки го купуваат и за во буре, како што велат летниот период е време кога тие се подготвуваат за зима.
Иван Митев, М-Нет