
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе ги снемаме.
Протест на родители во село Долни Балван поради најавата за затворање на училиштето, по што зградата ќе биде напуштена, а најмалите ќе мора да се школуваат во соседните села и општини. Родителите предупредуваат дека ваквата одлука ќе ги принуди децата секојдневно да патуваат, што значи дополнителен стрес, финансиски трошоци и оддалечување од средината во која растат. Велат дека училиштето не е само зграда, туку срцето на селото, а неговото затворање ќе биде уште еден чекор кон иселување и згаснување на животот во Долни Балван.
„Денес ние сме овде поради најава за затварање на училиштето во село Долни Балва, општина Карбинци. Ние жителите и родителите од селото сме загрижени од најавата за затварање на училиштето. За нас ова училиште не е само зграда. Туку и срцето на селото и место каде што нашите деца го започнуваат образованието, за нас не е прифатливо децата од селото да бидат испраќани во други училишта, далеку од својата средина кога веќе имаме училиште. Тоа значи подолго патување, пофолоем замор за децата и дополнителни трошоци и грижа за родителите. Наместо да се создадат услови младите семејства да останат во селото, со оваа одлука се испраќа порака дека селото полека се празни. Кој би сакал да живее во ваква средина кога ннема иднина за младите деца? Ние како родители, како жители на ова село бараме од надлежните институции да ја преиспитааат одлуката и да овозможат училиштето во Долни Балван да продолжи со работа.“- Изјави Николче Драгев
Родителите предупредуваат дека нема да се согласат децата да бидат принудени да патуваат во други села или општини, бидејќи тоа, според нив, носи небезбедност, дополнителни трошоци и секојдневен товар за семејствата.
„Ние мислиме дека нашите деца треба да учат каде што се, не се согласуваме со тоа децата да учат во друго село или во друга општина или град. Ние сакаме да останат тука, улу ќе останат овде да учат или нема да бидат пуштени на училиште. Јас како родител на дете што овде учи, што и друго дете треба да почне да учи мислам дека треба да бидат децата овде и поради безбедност и поради превози, поради малтретирање и се.“- вели Викторија Манева
Родителите порачуваат дека нема да се откажат од борбата се додека училиштето не остане отворено, бидејќи, како што велат, без училиште нема иднина ниту за децата, ниту за селото. Предупредуваат дека затворањето на училиштето ќе биде уште еден чекор кон целосно празнење на Долни Балван и згаснување на животот во ова рурално место.
Дајана Сандева, М-Нет