Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар „Џекосон“-Штип, официјално ќе биде отворен кон крајот на август

Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар „Џекосон“-Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Toj посочи дека Штип добива нов современ спортски храм во самиот центар на градот, а како што рече „нешто кое е потреба со години наназад во нашиот град“.

„Сакам да ја известам јавноста за активностите кои се преземаат во спортската сала „Џексон“. На мое огромно задоволство, веќе финализираат предвидените активности во рамки на спортската сала „Џексон“, која ќе биде навистина еден модерен, современ спортски храм во центарот на градот, нешто кое е потреба со години наназад во нашиот град. Морам да потенцирам дека она кое што се планира во деновите и неделите кои следуваат да се заврши во овој спортски храм е практично да се завршат сите сегменти во спортската сала кои се однесуваат на поставување на современа опрема, поставување на едни модерни реквизити кои се предвидени во рамки на спортскиот објект. Ова е спортски храм во кој што ќе се одвиваат најквалитетни натпревари во сите најсилни лиги на кошарка, на одбојка… Одличен, одлична можност за организација на настани во боречки спортови, по што Штип е препознатлив, но и мултифункционална сала која ќе користи за одржување на различни настани, манифестации, концерти кои за нас како град, сигурно дека се неопходни да се случуваат во една сала со ваков капацитет.”, рече Јорданов

Вкупниот капацитет на салата е за нешто повеќе од 1300 посетители, во еден ист момент да можат да ги следат натпеварувањата, потенцираше Јорданов

​Вкупниот капацитет на салата е нешто повеќе од 1300 посетители во еден ист момент да можат да ги следат натпреварувањата во рамки на спортската сала. Она кое што сакам да го потенцирам е дека очекуваме кон крајот на месец август и официјално да се отвори овој спортски храм и практично да има можност од следната натпреварувачка сезона и од следната календарска сезона во Штип да се одржуваат различни спортски настани, различни спортски манифестации, но и манифестации од сферата на културата, затоа што ова може да биде една одлична концертна, концертна сала. Очекувам во деновите, очекувам во деновите што следуваат да се завршат со засилена динамика сите предвидени финални фази на бележење на паркетот, поставување на сите елементи во рамки на спортската сала кои се по ФИБА стандарди и со тоа навистина овој спортски храм да го добие финалниот изглед кој ќе биде еден навистина убав, модерен, современ спортски центар.“; подвлече Јорданов

Наредните денови се очекува да се завршат сите предвидени финални фази на бележење на паркетот, поставување на сите елементи во рамки на спортската сала, кои се по ФИБА стандарди и со тоа навистина овој спортски храм да го добие финалниот изглед кој ќе биде еден навистина убав, модерен, современ спортски центар. Овој капитален проект за градот Штип чини повеќе од 2 милиони евра, а средствата се обезбедени од буџетот на Република Македонија и буџетот на општина Штип

Иван Митев, М-Нет