
Во самиот центар на Штип, проблемот со непрописното паркирање станува сè поизразен. Најнов пример е импровизираниот „див паркинг“ што се користи веднаш до култниот хотел „Гарни“, каде што секојдневно се паркираат повеќе возила на површина која не е предвидена за таа намена.
Граѓаните реагираат дека ваквата појава го нарушува урбаниот изглед на централното градско подрачје и бараат надлежните институции да преземат мерки за да се спречи понатамошното узурпирање на јавниот простор. Доколку не се реагира навреме, стравуваат дека ваквите диви паркинзи ќе станат секојдневие и на други локации во центарот на градот.

