Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“
Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност.
„Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови.
Албанскиот народ и две години после одењето на ДУИ во опозиција се уште ги плаќа фактурите од нивното корумпирано владеење. Ахмети, Бујар, Артан, Груевски и Мијалков се симбол на времето на “ало началниче”, кога Албанците беа топовско месо за најкрвавите политички дилови“.
ДУИ, потенцираат од „Вреди“ треба да му се извини на Албанскиот народ за своите злодела во минатото.
„Се дотогаш немаат право да отворат уста и да зборуваат за европски вредности и домашна правда“.
Текстот Нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, гревовите на ДУИ кога беа власт ја суспендираат персоналната правда сега, велат од „Вреди“ е превземен од МАКФАКС.