Силекс со минимална победа над Динамо Минкс во Бугарија, Шкендија ја „торпедираше“ Европа – следната фаза е сигурна

ФОТО: ФК Силекс

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс и вицешампионот Шкендија со позитивни резултати се вратија од гостувањата откако забележаа победи на првите мечевите од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Силекс славеше со минимални 0:1 против Динамо Минкс од Белорија, меч кој се одигра во Бугарија, а кратовци до овој триумф стигнаа со гол од белата точка, откако погоди Есмир Хасукиќ.

Силекс на реваншот во Скопје закажан за 16 јуни ќе има гол предност и ќе се обиде да дојде до нов позитивен резултат кој ќе го одведе клубот од Кратово во следното коло.

Шкендија со убедливи 0:5 го доби тимот на Европа и сигурно веќе оди во следното квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Сосема очекувано ја оправда фаворитската улога на гостински терен.

Резултатот го отвори Ндезенге во 28. минута за водство на полувреме. Во вториот дел Тамба со два гола зголеми на 0:3. До крајот на мечот Криезиу и Имбраими ги поставија конечните 0:5.

Шкендија ќе го има најлесниот пат до второто квалификациско коло, додека пак Силекс со гол предност ќе се обиде да дојде до нов позитивен резултат, а Вардар ќе има најтешка задача откако загуби со 0:2 од КуПС во Скопје, па во Финска оди со два гола негатива.

Александар Ванев, М-Нет