
Пратеникот Душко Иванов од Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција истакна дека Македонија во изминатиот период бележи засилено темпо на развој на патната инфраструктура, со изградба и реконструкција на повеќе делници низ државата. Тој посочи дека наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце, проект кој, според него, со години бил само најавуван, а сега станува реалност со инвестиција од 235 милиони евра.
Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо, се градат патишта и автопатишта во сите делови на државата. Вакво вложување во патната инфраструктура, вакви градежни активности, на неколку делници истовремено во повеќе места од државата до сега немало. Покрај актуелните кои се градат со несмалено темпо, веќе од следниот месец во август почнува изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, проект кој што децении беше најавуван а единсвено само се купуваа парцали вдолж предвидената траса. Автопатот во должина 10,5 км на исклучително тежок терен, на падините на скопска Црна Гора е со вкупна вредност од 235 милини евра. Од кои 30,8 се грант од дебор а рокот на изградба е 4 години. Скопје-Блаце ќе ја поврзе Македонија со Блаце и ќе продолжи понатаму кон Тирана и Драч како и кон Бар. Со тоа кон Скопје се отвара уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот. Од друга страна интензивно се работти на аттопатот Охрид-Кичево и се решаваат наследените проблеми. За таа цел се питпиша анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени правилникот за технички услови, Со што се смени рецептурата на асвалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање. А до првиот квартал на 2027 година се очекува автопатот Кичево-Охрид да биде целосно завршен.“- Душко Иванов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Иванов нагласи и дека интензивно се работи на автопатот Охрид–Кичево, каде се решаваат наследените проблеми и се забрзува динамиката на изградба, со очекување целосно завршување до првиот квартал од 2027 година. Според него, новите инфраструктурни проекти ќе донесат подобра поврзаност, економски развој, можности за бизнис и унапредување на туризмот
Инфраструктурните проекти, според Иванов, се инвестиција во иднината и чекор кон подобро поврзана, економски посилна и поразвиена Македонија. Со новите патни коридори, државата добива можност за поголем проток на луѓе, стоки и идеи, што ќе придонесе за нови шанси за развој на бизнисот и туризмот.
Дајана Сандева, М-Нет