Сончево време со температури до 36 степени: попладне повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Денеска претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.

Текстот Сончево време со температури до 36 степени: попладне повремен пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.