
Се уште не се знае по која цена од септември ќе се продаваат лебот и белите пецива, бидејќи не е утврдено по која цена ќе се откупува годинашната пченица. Како што велат штипските пекари, во моментов нема промени и цените остануваат исти.. Иако периодот пред нив е неизвесен, пекарите велат дека евентуално поскапување на брашното за два до три денари нема веднаш да значи и повисока цена на лебот и белите пецива.
,,Сега за сега нема промени на цените, остануваат исти. Се очекува откуп, но имам информации дека производителите на пченицата, сега за сега не ја даваат пченицата, чекајки поголема цена, бидејки ткупната цена се движи од 11 до 12 денари, а тие бараат д 15 до 16 и сега се шпекулира и чека дали време дали најава дека ќе се даваат субвенции по три, четири денари од килограм, меѓутоа сетоа тоа се шпекулации, нема ништо официјално. Во последниот период цената на брашното е незначителна во цената на конечниот производ. Ние имаме други трошоци зголемени, како што се плати и трошоци за енергија. Така да и да се зголеми цената на брашното за денар, два па и три, нема да има промени во цената на конечниот производ.“, вели Малинов
Како што рече Малинов, официјалната цена ќе се знае наскоро, веднаш по летните одмори. Рече дека се зависи од тоа како ќе се движи цената на берзата на пченицата.
,,Кога ќе завршат одморите, септември веќе ќе се знае која цена ќе биде откупна. Сега се уште се шпекулираат и чекаат времето да го покаже тоа. 11 до 12 денари на производителите им е многу мала. Се зависи како ќе движи цената на берзата на пченицат.“, кажа Малинов
Евентуално, ако цената на лебот и белите пецива повторно се зголеми, анкетираните граѓани во Штип вела дека ќе почнат да месат леб дома за да заштедат финансии.
Засега сите чекаат да се види по која цена ќе оди пченицата, па од тоа ќе зависи и што ќе се случува со цената на лебот и белите пецива. Повеќе ќе се знае по летото, кога ќе се расчисти целата ситуација.
Иван Митев, М-Нет