Ангелов: Најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени да интервенираат во текот на сезоната на пожари

Најмалку 120 доброволни пожарникари секој ден ќе бидат подготвени да интервенираат во текот на сезоната на пожари. Тоа е договорено на денешната средба меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и доброволните противпожарни друштва. Секое друштво однапред ќе одреди доброволци кои, кога ќе избувне пожар, веднаш ќе бидат испратени на терен преку тимовите за брз одговор на ДЗС.

Денес одржавме конструктивна средба со претставници на најсилните доброволни противпожарни друштва од државата. Основна цел на денешнта средба беше разработување и операционализирање на идејата во секој ден во текот на летото и сеозната на пожари на располагање преку тимовите за брз одговор на дирекцијата да имаме најмалку 120 доборволни пожарникари. Постигнавме договор секое противпожарно друштво ќе декларира однапред одреден број на доброволци, преку тимовите на ДЗС, кои што ќе бидат подготвени во случај на пожар да бидат упатени кон местото каде што е неопходно. Исто така зборувавме и за внатрешната структа. Ја менувам целосно структурата, наместо истите да бидат ангажирани преку локалните ограноци на дирекцијата, тоа ќе го правиме со нашата внатрешна структура, односно однив избравме неколку лица кои што, по воен систем и по воена пирамида понатаму ќе информираат. Наједноставно кажано, доколку имаме голем пожар во штипско се јавувам на конкретен човек, кој што денеска го договоривме и од него барам да упати одреден број доброволци, кон местото каде што се наоѓа пожарот. Дали тоа ќе бидат 10,20,30, тој истите ќе ги упати. Воедно ако се работи за поголем пожар можам да побарам поддршка и од останатите условно кажано командири на овие единици за брз одговор на дирекцијата и на тој начин нашата ефикасност ќе биде на многу поголемо ниво, бидејќи ќе биде брза и едноставна комуникација и внатрешно нивно известување.“, вели Ангелов

Како што истакна и Златко Илијев од ДПД Кочани, целта на овие средби е да се надминат наталожените проблеми во раоботењето и веќе од следната година се гледа за поголеми чекори, како што функционираат балканските земји

,,Се надевам дека голем број на наталожените проблеми во нашето работење, ќе бидат надминати, со цел да бидеме подготвени за сезоната која ни претстои и сето она што можеме тековно оваа сезона да го отклониме за да излеземе на терен многу повеќе спремни, а веќе догодина, разговаравме за поголем чекори , да добиеме поголеми чекори од дирекцијата за да можеме да фатиме некој ритам, како балканските земји.“, вели Илијев

Со ваквата организација очекувањата се дека ќе има побрза координација и поефикасно справување со пожарите во државата.

Иван Митев, М-Нет