Фармерите утре ќе ја блокираат Општина Делчево и Владата ако не се најде решение за откупот на млекото

Без трпение останаа фармерите од Делчево, Берово и Пехчево, откако и денеска не добија конкретен одговор од надлежните. Тие денеска излегоа на мирен протест пред Општина Делчево, незадоволни од состојбата со откупот на млекото и како што велат, долгото чекање без решение. Дел од нив реагираат и на зголемениот увоз на млеко и млечни производи, кој, како што велат, дополнително ја влошува состојбата на домашното производство.

Во исто време, претставници на здружението „Симентал“ се на средба со министерот за земјоделство, каде ги пренесоа нивните барања. Фармерите најавуваат дека, доколку не се најде решение, од утре ќе следува целосна блокада на Општина Делчево.

,,Денеска ние фамрерите од Берово, Пехчево и Делчево, излеговме на мировен протест за да кажеме дека нашето трпение е дефинитивно потрошено. Дека ние стоиме овде, а нашиот претседател на здружението Симентал во Скопје, на дирекна средба со министерот за земјоделие. Тој ги носи нашите бања, потписи и решенија кои нема да ја чинат ниту денар од буџетот .Сакаме јавно да знаете, ние на бараме пари, бараме социјална правда и закон, бараме МВР и Агенцијата на храна и ветеринарство и ДПИ итно да се разбудат и да го запрат увозниот масакар.“, велат фармерите

Фармерите предупредуваат дека од 12 јули една од најстарите млекари во Малешевијата целосно ќе го прекине откупот на млеко. Доколку не се најде решение, најавуваат блокада на Општина Делчево и протест со трактори пред Владата во Скопје.

,,Од 12 јули една од најстарите млекари во малешевијата целосно го прекинува откупот, а тоа значи социјална смрт за многу семејства од овој регио, кои чуваат и по 1500 говеда. Доколку нашиот претседател не се ајив дека министерот не потпишал ништо, утре оваа локална самоуправа ќе биде под целосна блокада, а тракторите пред Владата во Скопје.“, додаваат фармерите

Инаку, очекувањата на фармерите се дека нивните барање ќе бидат прифатени и нема да има дополнителни нервози и проблеми.

Иван Митев, М-Нет