Марко Џорлев ја освои Светската младинска лига во Пореч – каратистот на КК Штип се искачи на светскиот врв

Карате клубот Штип на фантастичен начин ја заврши полусезоната, откако нивниот натпреварувач Марко Џорлев го освои златниот медал на Светската младинска лига во Пореч, Хрватска.
Македонскиот репрезентативец до шампионскиот трофеј стигна по шест импресивни победи против ривали од Португалија, Германија, Словачка, Србија, Италија и Украина, потврдувајќи дека припаѓа на самиот светски врв во кадетско-јуниорското карате.
Со овој извонреден успех, Џорлев не само што донесе голема радост за Карате клубот Штип, туку и испиша уште една значајна страница во историјата на македонското карате. Освоеното злато на еден од најсилните младински турнири во светот е признание за неговата напорна работа, талент и посветеност, како и за стручниот тим кој стои зад неговите успеси.
Триумфот во Пореч претставува силен поттик за македонското карате и најава дека Марко Џорлев е еден од најперспективните млади каратисти на меѓународната сцена.