„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите

Авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета кон пожарот што избувна на штипскиот Исар, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот избувна денеска на источната страна на тврдината Исар во Штип и се прошири во близина на куќите.

На терен се пожарникари, а во гаснењето помага и локалното население.

Текстот „Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите е превземен од МАКФАКС.