
Во моментов имаме историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија порача денеска од Штип заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој одговараше на новинарски прашања за колкава е невработеноста во земјата. Ристески забележа дека оваа Влада кога дојде затекнала околу 100.000 невработени лица, а сега се околу 86.000 лица.
-Целта беше првата година да се намалат под 90.000, па потоа наредната цел е да се намалат под 80.000 бројот на невработени. И исто да напоменам дека тие 86.000 или 85.000 невработени лица, голем дел од нив се занимаваат со земјоделие, а остатокот се оние лица кои немаат завршено сè уште средно образование, а се евидентираат во самиот список за невработени лица – тоа се лицата од 16 до 18 години. Сакам да кажам дека бројката е многу помала и изнесува некаде околу 40.000–45.000, а тоа е 5–6% од работно способното население во Македонија. Што значи, историски најниска бројка на невработеност после осамостојувањето на Македонија –изјави Ристески
Како што подвелече заменик министерот Ристески, од вкупниот број невработени лица, голем дел од нив се занимаваат со земјоделие, а остатокот се оние лица кои немаат завршено се уште средно образование, а се евидентираат во самиот список за невработени лица – тоа се лицата од 16 до 18 години
Иван Митев, М-Нет