„Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги поддржува“, вели Лефков

„Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува. Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет.

Филипче и СДС секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси.

Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДС, носи само штета на државата.

Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДС“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) „Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги поддржува“, вели Лефков е превземен од МАКФАКС.