Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Лефков, програмата на Филипче не ги дава очекуваните резултати кај граѓаните, што, како што рече, може да се забележи и од последните анкети, поради што лидерот на СДСМ се обидува да ја добие поддршката преку приближување кон бугарските позиции.
Тој посочи дека, според него, повеќе од 80 проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не претставуваат чекор кон членство во Европската Унија и дека таква отстапка не треба да се прави без гаранции.
Лефков оцени дека политиките на Филипче и СДСМ кон Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев се штетни за државата и за самиот Филипче.
Тој додаде дека доколку Филипче продолжи со, како што рече, понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, дополнително ќе се маргинализира на политичката сцена.
Лефков порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси и, како што наведе, ставовите на граѓаните кои ја поддржуваат владејачката коалиција.
Текстот (Видео) Лефков: Ако продолжи Филипче со понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, уште повеќе ќе се маргинализира е превземен од МАКФАКС.