
Фудбалерите на Кочани претрпеа тежок пораз во рамки на последното коло од Првата женска фудбалска лига, откако загубија со 0:6 од Каменица Саса. Со овој пораз екипата од Кочани заврши на претпоследното место и ќе мора сезоната да ја спасува преку бараж, а во истиот Кочани ќе игра против Билјанини Извори.
Голем триумф од 8:1 забележа Ас Јунајтед над Топ Гол, со што битолскиот тим сезоната ја завршнува на дното и од следната сезона ќе игра во Втора лига.
Ланскиот шампион Љуботен со 1:5 забележа висока пбоеда над Речица, а пак новиот шампион Скопје со минимални 1:0 го доби тимот на Тиверија Брера. Единствениот меч на кој немаше победник беше тој меѓу Вардар и Истатов, кој заврши со резултат од 1:1.
Скопје е шампион со 72 освоени бодови, Тиверија Брера е вицешампион со 60 бодови, Истатов сезоната ја заврши на третото место со 53 бодови, а пак Љуботен заврши како четврти со 50 бодови.
Екипат на Каменица Саса е петта со 47 бодови, а пак Ас Јунајтед е шести со 41 бод на своето конто.
Дебитантот Вардар заокружи успешна сезона откако заврши на седмото место со 24 бодови, а Речица финишираше како осма со 16 бодови. Кочани е деветти на табелата или во бараж зоната со 13 бодови и ќе мора да игра бараж за опстанок, а пак Топ Гол заврши на дното со четири бодови и се сели во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет