Скопје ќе бара враќање во Прва лига, Шкендија Арачиново на среќниот стадион оди по историја

В недела се играат бараж натпреварите за влез во Првата македонска фудбалска лига, второлигашите Скопје и Шкендија Арачиново подготвен за промоција во елитата по потешкиот пат.

Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе игра против Брера Струмица, во бараж меч каде „пиратите“ по неколку сезони ќе се обидат да се вратат во елитното друштво, а струмичани за првпат во својата историја ќе играат бараж за опстанок.

Двете екипи се подготвени, а нивните навивачи се мобилизираат за да даваат силна поддршка од трибините на стадионот во Битола.

Шкендија Арачиново на среќниот стадион во Кавадарци ќе се обиде да испише историја за влез во Прва лига против прволигашот Пелистер. Второлигашот од Арачиново на истиот стадион минатата сезона играше бараж за влез во Втора лига, а по една година сега ќе игра бараж за влез во Прва лига на истиот стадион, останува да видиме дали тоа ќе се покаже како успешно и овој пат, но сега во бараж за историја.

Пелистер подготвен доаѓа во Кавадарци да го одигра најважниот меч во сезоната и да се избори за опстанок во Прва лига и за следна сезона. Навивачите на двата клуба најавуваат силна поддршка во Кавадарци.

Атмосферата веќе се подгрева, навивачите веќе се мобилизираат, екипите подготвени за финалните 90 минути. Победниците ќе бидат прволигаши следната сезона, поразените ќе се натпреваруваат во Втора лига.

Натпреварите ќе започнат во 16:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет