Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во населбите Дузлак и Света Недела

По години проблеми со слаб притисок на вода, жителите на населбата Света Недела наскоро треба да добијат подобро и постабилно водоснабдување. Во тек е поставување на нова главна водоводна линија, а градоначалникот Иван Јорданов вели дека со овој инфраструктурен зафат трајно ќе се реши проблемот со притисокот на вода и ќе се создадат услови за понатамошен развој на населбите Света Недела и Дузлак.

,,Активностите кои се превземаат на дел од нас. Дузлак и нас Света Недела се во насока на надминување на еден долгогодишен проблем кој го имаат жителите на пред се нас. Света Недела со притисокот за водоснабдување, со инсталирање на нова главна водводна линија, преку ЈП Исар. Долгорочно ќе се реши проблемот и потребата на жителите од нас Света Недела , но и перспективно ќе овозможи ширење и зголемување на капацитетноста, оклу нас Дузлак. Ова е инфраструктурен зафат на општината преку ЈП Исар, кој верувам дека ќе придонесе за подобрување на наќинот на живот на жителите од нас Света Недела. Имено во минатот, кога сме имале често состанок со жителтие од овие населби ,секогаш било потенцирано дека имаат проблем со притисокот на вода и со слабиот напон на електричќна енергија. Тоа што е во наш домен, а тоа е водоводната инсталација и инфраструката веќе го реѓаваме, а и со комуникација на ЕВН веќе во следните недели и месеци ќе биде приклучена нова трафостаница, која ќе овозможи зголемен напон на електрична енергија.“, кажа Јорданов

Директорот на ЈП Исар Александар Арсовски вели дека инвестициајта е вредна 2,8 милипони денари и е во соработка со Општина Штип. Како што кажа комплетно се поставува нова главна линија за задоволување на потребите на граѓаните.

,,Овие денови работиме на пдообрување на условите за водосонабдување во нас Света Недела. Инвестираме скору 2,8 милиони денари во соработка со општината. Поставуваме комплетно нова главна водоводна линија ф 160 за задоволување на потребите на граѓаните.“, истака Арсовски

Инаку, во следниоте предид се очекува целосно решавање на овој проблем, кој со децении представуваше проблем за жителите од овде.

Жбанер: Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во населбите Дузлак и Света Недела

Иван Митев, М-Нет