Соколи триумфираше над Бутел – штипјани ќе играат трет натпревар, Струмица стигна до финалето

Кошаркарите на Соколи од Штип успеаја да слават на вториот меч над Бутел со 65:68 за 1-1 во полуфиналната серија и со тоа изборија трет меч кој ќе се игра во градот под Исарот.

Скопскиот тим подобро го отвори мечот со водство од 17:9, а потоа штипјани започнаа да ја намалуваат резултатската предност на домаќинот и на полувреме имаа негатива од 33:30.

Потоа започна егал играта во која двете екипи резултатски се стигнаа една во однос на друга, по што искусниот Караколев беше клучен за пресврт и водство на Соколи, а потоа беше запишана и победа која значи 1-1 во полуфиналната серија.

Караколев имаше 11 поени кои најголем дел од нив ги постигна во финалните минути, а прво име беше Американецот Хамилтон со 14 поени, кај Бутел прв беше Атанасов со 17 поени.

Струмица стигна прва до финалето откако славеше над Борец Баскет во Велес со резултат од 67:82 за 0-2 во финалната серија.

Кошаркарите на Струмица имаа одлична последна четвртина која се покажа како клучна за триумф во Велес и со тоа струмичани славеа за 0-2 во полуфиналната серија, а со тоа е обезбедено финалето, каде Струмица ќе го чека противникот од дуелот меѓу Соколи и Бутел.

Јовановиќ имаше 19 поени и беше прво име кај Струмица, а кај Борец Баскет прв беше Американецот Тимоти Џејмс кој запиша дури 26 поени.

Александар Ванев, М-Нет