
Цените на месото во пресрет на Велигден остануваат високи во штипските месарници. Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, додека свинското се продава по цена до 400 денари за килограм.
За голем дел од граѓаните, високата цена на јагнешкото претставува сериозен товар врз домашниот буџет. Сепак, и покрај тоа, дел од штипјани велат дека ќе купат јагнешко месо, со цел традиционално и достоинствено да го одбележат Велигден, како и секоја година.
Од друга страна, има и такви кои се одлучуваат за свинско месо како поевтина алтернатива. Тие посочуваат дека освен што е попристапно, свинското за нив е и повкусен избор.
Месарите велат дека побарувачката се зголемува во пресрет на празникот, но купувачите внимателно ги планираат трошоците и се прилагодуваат на цените.
Друг дел анкетирани граѓани, велат дека тешко оваа година, нема да има месо на трпезата, поради високата цена. Велат скромно со салата и јајца ќе го поминат празникот.
Јагнешкото месо години наназад се продавало по пониска цена, токмуоваа ппоради оваа причина многу семејства за велигденна празничната трпеза ќе останат без јагнешко месо или минимална количина, како што велат тие само за проба.
Иван Митев, М-Нет