
Охрид забележа огромна победа над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер среде Битола откако славеше со 26:27 во рамки на колото број четири од плеј-офот на Супер лигата и практично сега веќе Вардар може да го лади шампањот за прослава на титулата, бидејќи веќе „вардарци“ имаат плус осум на врвот од табелата.
Мечот во Битола беше интересен и возбудлив, Охрид тргна со 0:2, па имаше често менување на водството се до 19. минута кога „пелистерци“ дојдоа на плус три при 9:6. На полувреме резултатот беше 13:11 за Еурофарм Пелистер.
Во вториот дел продолжи честот менување на водствтото Охрид имаше плус два при 18:20, а во 57. минута резултатот беше 24:24. Последните три минути беа клучни, кога со звукот на сирената Стрмљан постигна гол за конечин 26:27 и големо славје на Охрид.
Сега Вардар е прв со 50 бодови, Охрид е втор со 42 бодови, колку што има и Еурофарм Пелистер кој е трет, а пак Алкалоид е четврти со 40 бодови. Тиквеш е петти со 24 бодови, а на последното место во плеј-офот е Бутел со 22 бодови.
Во однос на плеј-аутот Прилеп е прв со 28 бодови, Еурофарм Пелистер 2 е втор со 25 бодови, трет е Пролет со 19 бодови, а Куманово оди по обезбедување на опстанокот како четврти со 13 бодови. На претпоследното место е Струга со седум бодови која ќе игра и бараж за опстанок, а на дното е Радовиш без бодови и веќе се пакува за испаѓање во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет