Штип УГД денес го започнува походот кон шампионската титула – во „Јордан Мијалков“ против Работнички

ФОТО: ОК Штип УГД

Штип УГД чекор по чекор оди кон двојната круна и со тоа да испише нова клупска историја откако успеа по третпат во низа да ја одбрани Куп титулата, сега четата на Кристиан Ристески се сели со обврските во шампионатот, а токму од денес од градот под Исарот започнува походот кон шампионската титула.

Денес во спортската сала „Јордан Мијалков“ со почеток од 18 часот екипата на Штип УГД ќе се соочи со Работнички, пред верната публика и на домашен терен, а во рамки на првиот полуфинален меч против Работнички.

Ова ќе биде натпревар кој треба да ја наполни спортската сала во Штип до последното седиште од две причини.

Прво, одбојкарите на Ристески заслужуваат максимална поддршка на патот кон уште една клучна и важна победа, а второ целата спортска јавност во Штип да им го честита трофејот од Купот со полна сала.

Штипјани ќе ја имаат улогата на големи фаворити за обезбедување на место во финалната серија.

Во вториот полуфинален меч од плеј-офот Борец на домашен терен ќе игра против актуелниот шампион Струмица, а велешани ќе ја имаат улогата на фаворити за пласман во финалната серија.

Повеќе од јасно станува дека во финалната серија од шампионатот ќе гледам реприза на Куп финалето меѓу Штип УГД и Борец од Велес.

Александар Ванев, М-Нет