
Специјални садови за биоразградлив отпад се планира да се постават во училиштата во Штип, како нареден чекор во управувањето со отпадот. Мерката е дел од планот за проширување на селекцијата и во домаќинствата. Граѓаните ќе добијат посебни кеси за одвојување на овој тип отпад и ќе го фрлаат во наменски контејнери. Потоа, собраниот отпад ќе се компостира и ќе се користи за паркови, пошумување и други јавни површини. Со ова, општината се насочува кон поодржлив систем и почиста животна средина.
„Нареден чекор е да има вакви садови за собирање на био расградлив отпад во сите училишта, а понатаму и самите граѓани да го селектираат тој тип на отпад и дома. Ќе го селектираат во посебни кеси , кои ќе бидат даде од наша страна и да го фрлаат во посебни котејнери. Потоа со истиот отпад, ќе може да се искористи во градините, за пошумуање, паркови и сл.“, додава Везенков
Голем резултат, ваквата пракса досега покажала во градинките, тврди Везенков. Во сите девет градинките во градот во измнатите години беа поставени спецални садови за селекција на био разградлив отпад, со што се намали количината на овој отпад во контејнерите на комунален отпад.
,,За проектот во градинките, истиот беше во организација на здружението на комунални инспектори на Р.Македонија, преку министерството за животната средина, каде што во сите девет градинки беа поставени специјални садови за селекција на био раградлив отпад, што значи со самата селекција, ние ги намалуваме количините, а тоа ни е и целта на био разградлив отпад во контејнерите за комунален отпад , бидејќи знаеме дека био разградливиот отпад е отпад кој што прави најголем проблем, посебн во летните жешки денови, кога истиот се распаѓа и довага до неподнослива миризба и едноставно прави проблем на сите граѓани.“, вели Везенков
Целта на овие проекти, инспекторот Везенков вели дека е да се намлат количините на тој отпад во контејнерите и да се создаде почиста животна средина.
Иван Митев, М-Нет