63 бели столчиња со 63 имиња за 63 те жртви, ќе бидат поставени во понеделник во Кочани

63 бели столчиња со 63 имиња и 63 рози, ќе бидат постави во понеделник во паркот на Револуцијата во Кочани, со цел потсетување на празнината што останата после кобниот 16 март 2025. Во понеделник, точно на годишнината од пожарот, кој зеде 63 жртви, настанот ќе започне од 10 часот, а секое столче кое носи име и бела роза, ќе зборува за големата тишина и празнина што остана помеѓу блиските на починатите.

“16.03.2026 • 10:00 часот

Парк на Револуцијата – Кочани

63 бели столчиња.

63 имиња.

63 животи што засекогаш остануваат дел од нашата заедница.

Секое столче носи име, бела роза и тишина што зборува повеќе од зборови.

Празното место меѓу нив нè потсетува на празнината што остана во нашите срца.

Ова не се само столчиња.

Ова се 63 спомени, 63 приказни и 63 причини никогаш да не заборавиме.

Тивко присуство. Вечно сеќавање“, велат од здужението 16 март 2025 година Кочани

Градоначалникот на Кочани, Влатко Грозданов, ги повика граѓаните и институциите на достоинствено однесување, со препорака за ослободување од работни обврски и ограничување на сообраќајот за непречено движење на делегациите.

И покрај поминатата година, јавноста останува фокусирана на барањето правда и одговорност. Судските процеси се во тек, а семејствата на жртвите и повредените инсистираат на целосно расветлување на трагедијата и утврдување на системските пропусти што дозволиле дискотеката да функционира спротивно на законските прописи.

Годишнината од пожарот во „Пулс“ не е само момент на сеќавање. Таа е остар потсетник дека безбедноста на јавните простори, особено за младите, бара строга примена на безбедносните стандарди и системски реформи за да се спречат вакви катастрофи во иднина.

Иван Митев, М-Нет