
Сите оние кои што ќе бидат сведоци на семејно насилство, треба да пријават во МВР, апелираше министерот Панче Тошковски на денешната прес конференција. Во изјавата, тој потенцираше дека секој еден треба да го промени кодот на однесување, почувајки од полициските службеници, завршувајќи до секој еден граѓанин. Кажа дека во последниот период се дава посебен интезитет на овие постапки.
,,Треба да го смениме кодот на однесување, не само на полициските службеници, не само на вработените во центарот за социјални работи, туку на секој еден од нас, поради што ги повикувам сите оние кои што ќе бидат сведоци на конкретно семејно насилство, истото да го пријават до МВР на оние два броеви кои што ги иамме. Факт е дека во последниот временски период се дава посебен интезитет на овие постапки, а тоа се гледа и по бројките кои што ги имаме констатирано во изминатиов период.“, рече Тошковски
Тошковски е дециден само минатата година имало 224 кривични пријави, а 54 од нив биле спроведени по брза постапка, од кои имало изречено 17 притвора, за разлика од 2024 кога од 213 кривични пријави, имало само еден притвор. Дополнително кажа дека од почетокот на 2026 до моментот има 28 кривични, 12 по брза постапка и 5 притвора.
,,2025 година имаме 224 кривични пријави, 2026 до сега имаме 28 кривични пријави, но каде е суштината 2024 по брза постапка од 213, биле спроведени 21, од кој бил изречен еден притвор. 2025 од 224 поднесе кривични пријави, 54 биле спроведени по брза постапка, од кои имаме изречено 17 привтора. 2026 година 28 до сега, 12 по брза постапка, 5 притвора. Факт е дека се дава фокус на овој тип на предмети, особено гледано постапување во сила на измените на законот.“, додава Тошковски
Според министерот Тошковски, секој еден мора да даде во доприносот за спречување на кривични дела семејно насислство во иднина. Според него, има подобрување во постапувањето во споредба со минатото, но дециден е дека треба уште многу работа за да се постигне посакуваната цел.
Иван Митев, М-Нет