
Од месец март стартува смарт сити системот, кои што ќе ги регистрира сите возила во централното градско подрачје во Штип. Според најавите на градоначалникот Јорданов, секоја регистерска табличка ќе биде евидентирана и проверена дали има платено паркинг. Целта е да се спречат злоупотребите и неплаќањето што со години го оптоваруваат сообраќајот. Локалната власт очекува мерката постепено да донесе повеќе ред и повеќе слободни паркинг места во центарот.
,,Како мерка, која што ќе биде во текот на овој месец превземена е еден модел на смарт сити во контролата на паркирање, затоа што од март месец ќе започне евиденцијата и контролата на сите возила во централното градско подрачједа се врши со камери, кои ќе ги евидентираат сите регистерски таблици во еден систем од кои штои практично ќе се намали можноста за злоупотреба и за неплаќање паркинг позиции со што само посебе ќе се практично овозможи да паркинг позицииите во централното градско подрачје ги користат само оние кои што имаат реална потреба, оние кои што плаќаат паркинг позиција и верувам дека на тој начин ќе се овозможи повеќе простор и повеќе слободни места за паркирање во центарот на градот. Ова се мерките кои што се превземаат, резултатите неможат да се очекуваат преку ноќ и верувам дека на еден среден рок од неколку месеци и следните години дека ќе се овозможи решавање на оној проблем кои што како град го имаме.“, рече Јорданов
Јорданов потенцираше дека во месец март ќе има само опомени, а потоа ќе започне процесот на казнување, бидејќи како што посочи мора да има ред и правила во градот, а пралелно на тоа тие како локална самоуправа интензивно ќе работата на зголемувањето на површините и овозможување на секој сограѓанин кој што има потреба во централното градско подрачје да најде паркинг позиција
,,Јас би сакал да апелирам до граѓаните, затоа што месец март ке биде почетокот на овој смарт модел смарт сити контрола на паркирањето во градот, дека во март месец ке помоменуваме, но веднаш потоа ќе започне прозесот на казнување и на она кое што верувам дека ќе користи на сите нас, затоа што мора да има ред и правила. Паралелно на тоа, како локална самоуправа интензивно ќе работиме на зголемување на површините и овозможување на нашите сограгани да наогаат паркинг позиции.“, додава Јорданов
Инаку, очекувањата се дека со новиот систем, ќе се создаде ред и правила во градот со што ќе има поголема сообраќајна култура.
Иван Митев, М-Нет