Во ЖИВО на М Нет: Детонит Плачковица – Тетекс, на М Нет Спорт: Брегалница – Вардар Неготино

Во сабота на програмата се натпреварите од 17. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од истите на М Нет телевизија и на спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да следите два натпревари во живо.

На М Нет телевизија ќе го следите во живо натпреварот од Радовиш каде Детонит Плачковица ќе се соочи со Тетекс. Натпреварот ќе биде исклучително важен и за двете екипи бидејќи со освојување на трите бодови ќе имаат важен чекор напред кон остварување на целите.

Радовишани со триумф ќе имаат 32 бодови и ќе продолжат да ги напаѓаат позициите за бараж за Прва лига, а пак Тетекс со триумф во Радовиш нема да има напредок на табелата, но ќе има три бодови со кои ќе се зацврстува на десеттото место и ќе продолжува да се бори за директен опстанок.

Преност од Радовиш на М Нет телевизија започнува во 14 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го следите натпреварот од Штип, каде Брегалница ќе биде домаќин на Вардар Неготино. „Сините“ на Влатко Костов немаат право на грешка и против тимот од Неготино гледаат идеална шанса за рехабилитација после поразот во Гевгелија. Тимот од Неготино свесен за тешкото гостување ќе се обиде да парира и да остане непоразен, се друго ќе биде вистинско фудбалско чудо со оглед на преголемата разлика на квалитет.

Преносот од Штип на М Нет Спорт започнува во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет