
500 вреки ориз остануваат непродадени во домот на Петре Димитров од општината Чешиново Облешево, поради ниската откупна цена од 25 денари за килограм. Тој вели дека оваа цена не ги покрива трошоците, бидејќи кога од нив ќе се одбие за трошоците и давачките, му остануваат само 18 денари за килограм. Тој тврди под оваа цена оризот нема да го продава, па решен дури со оваа гранка да се занимава само уште оваа година.
,,Цената е никаква, 22 до 25 денари. Од тоа ќе ти одбие, некаде околу 18 денари пари остануваат од килограм ориз. Jас имам околу 500 вреки ориз. Не можам да го дадам јас за 25 денари оризот, не го продавам бадијала андреа. Овоа чудо никаде го нема, тоа е сан адреа ориз, едино тој ориз се јаде во Македонија, а тие донесоа турски семиња, тие можеби повеќе дават род, но не се слатки, исто е како жито кога јадете, или ќе го превареш или не се варе.“, вели Димитров
Некогаш Македонија ориз произведувала за цела Југославија, тврди Димитров, незадоволен остана пред нашите камери, велејќи дека производството на ориз пополека ќе згасне.
,,Решението е да не се сее, Македонија да не биде аграрна земја, да биде зависна и тоа е тоа. Во бившта Југославија Македонија беше земја која произведуваше се за цела Југославија, а сега за никаде сме, увезуваме од Албанија. Велат пазарна економија, која пазарна економија? Ќе продолжиме да садиме, а може и последна година ќе биде.“, додава Димитров
Инаку, производителите бараат откупната цена на оризовата арпа да биде минимум 35 денари за ситните сорти и 40 денари за крупните сорти оризова арпа. Доколку нема решение во однос цената, и Петре и неговите пријатели од таму остануваат со ставот дека еден по еден ќе се откажат од оваа гранка.
Иван Митев, М-Нет