Промовирана поезијата ,,Отуѓеност“ од штипскиот автор Методи Бојаџиски во домот на културата во Штип

Вчеравечер беше промовирана поезијата Отуѓеност од штипскиот автор Методи Бојаџиски во домот на културата Ацо Шопов во Штип. „Отуѓеност“ е книга со современа поезија што зборува за чувствата, оддалеченоста меѓу луѓето и личните размислувања во денешното време. Неговото прво дело произлегува во 2023 година насловено како Испланиран немир, додека Отуѓетност е е неговот второ по ред дело.ж


Инаку, Методи Бојаџиски е роден 1974 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, а магистерските студии ги завршил во САД, , од областа на меѓународна политика и меѓународни конфликти. Неговите дела остануваат да инспирираат.

Иван Митев, М-Нет