
Жителите на село Блатец и понатаму продолжуваат со блокади со цел да не се изгради хидроцентрала на река Блатешница. Денеска преставници беа на разговор во Министерството за транспорт и врски, и како што велат се надеваат на конструктивна соработка, но во петок од 15 до 17 часот ќе се одржат најавените блокади на локалниот пат. Додаваат дека 24 часа имаат дежурства со цел да не се пренесат машини за изградба на хидроцентраланата преку ноќ.
„Засега остануваме на конструктивната соработка која ја имавме денеска, блокадата продолжува што е најавена за во петок од 15 до 17 часот на локалниот пат и ги повикуваме сите добронамерни граѓани и сите кои не поддржуваат да дојдат на блокада.“ – вели Анакиевски.
Барања беа презентирани и денеска, како и причините зошто не дозволуваат да се хради хидроцентрала на реката во нивното место на жиивеење.
„Најголема причина поради која се противиме е што нашиот водовод од кој користиме вода за пиење се наоѓа на средината на трасата на таа централа, потоа голем дел од каналите за наводнување и еден подземен систем лежат во тој дел на трасата и сите тие ќе останат суви доколку се направи тој цевковод за хидроцентралата. На крајот и големата еколошка катастрофа која ќе се случи на самиот терен на тие три четири километри и реката постојано ќе биде сува.“ – вели Анакиевски.
Жителите на село Блатец , виничко, на протест излегоа на празникот Свети Трифун и одтогаш секојдневно се борат со цел да реката да не биде ставена во цевка, да ја зачуваат животната средина, но и својот водовод и систем за наводнување.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет