
Православните верници денеска го слават празникот посветен на Свети Трифун. Празникот има длабоки корени во народната традиција, бидејќи се празнува многу оддамна. Трифун бил млад градинар, но чувал и добиток, а и помагал и на луѓето.
„Светиот Великомаченик Трифун бил млад, уште малку имал дарба да се работи на исцелување на луѓето и стоката. Бил градинар и пасел гуски и чувал разноразен добиток. Кога на императорот Гордијан, неговата ќерка Гордијана се симнала лошиот демон изјавил дека само Трифун може да го изгони него од телото на ќерката.“ – вели Јанев.
Овој ден симболично го означува почетокот на новата лозарска сезона, но во народните верувања има и многу повеќе – од прогноза за родот до заштита од невреме и штетници.Лозарите одат во лозјата и закројуваат барем неколку прачки од лозата, по што ги полеваат со вино и изговараат благослови за бериќетна година.
Полевањето со вино не е случајно – тоа е симболичен чин на враќање на дарот на природата. Виното, како производ на лозата, повторно ѝ се принесува како благодарност и молитва за плодност.
Освен Свети Трифун денеска се празнува и Свети Валентин, денот посветен на љубовта.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет