Шампионот Баскет Кам гостува во Делчево кај „фенерџијата“ Патриот, Вардар ќе бара победа против Пробаскет

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 13. коло на Првата женска кошаркарска лига. Колото се отвара денес во Скопје со натпреварот меѓу Бадел и фаворитот Крива Паланка, останатите три средби се закажани за недела.

Актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица ќе гостува во Делчево кај „фенерџијата“ Патриот, во меч каде кошаркарките на Баскет Кам ќе бидат повеќе од апсолутни фаворити за победа.

Вардар ќе сака продолжување на победничката серија после големата победа над шампионот во Македонска Каменица и на гостувањето во Кавадарци против тимот на Пробаскет.

Дерби од дното ќе се одигра меѓу Спорт Тим и МЗТ Бела Вода, мечот во Неготино има тежина и за двете екипи, па императивот за позитивен резултат ќе биде голем.

Александар Ванев, М-Нет