Градоначалникот Китански тврди дека водата во Пехчево е исправна и безбедна за пиење

Водата во Општина Пехчево е исправна и безбедна за пиење, тврди градоначалникот Александар Китански, по претходните обвинување од страна на граѓаните дека од чешмите тече вода како кафе.

Истакна дека квалитетот на водата се контролира од овластена лабораторија согласно правилникот, доставувајќи затоа соодвтна документација. Во меѓувреме упати апел граѓаните да не подлегнуваат на непроверени информации.

,,Ја информираме јавноста дека водата за пење е исправна и безбедна за пиење. Квалетот на водата се контролира од овластена лабораторија согласно важечкиот правилник за безбедна и квалитетна вода за пиење. Анализите се вршат контнурано и ги опафакаат сите физички, хемиски микробилиошки параметри, при што резултатите се во дозволенте гранц. Апелираме до сите граѓани да не подлегнуваат на непроверени информации.“, рече Китански

Инаку, граѓани на Општина Пехчево реагираа дека од чешмите во домовите водата која тече е нечиста и не може да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, додавајќи дека се приморани да купуваат флаширана вода.

Според тврдења на Китански, проблем со водата за пиење во Пехчево имало само во втората половина од месец јануари. На 23 јануари годинава имаше известување од страна на јавното претпријатие дека водата не е препорачлива за пиење поради дефект на резервоарот за вода за пиење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет