Ќе поскапат ли белите пецива и лебот ?

Ќе поскапат ли белите пецива и лебот – граѓаните на терен категорични дека да. Иако засега нема официјални најави дека овие производи ќе поскапат, сепак некој граѓаните тврдат дека зголемување почувствувале уште сега. Велат цените стнуваат европски, а примањата македонски, па со оваа ситуација тешко ќе се поминува месецот.

Oд штипските пекари, истакнуваат дека е можно да има минимална корекција на цената на бели пецива. Според нивното мнение засега не се очекува зголемување на цената на овие производи, но како што велат има најави за минимален пораст, кој не би требало да се одрази на крајниот производ.

Инаку, како што дополнително потенцираа пекарите во Штип, лебот и белите пецива се покачени во соседните држави, но за среќа во Македонија цената е иста. И понатаму велат ако има покачување на минималните плати, можно е да има мала корекција од еден до два денари, што нема да биде значително забележливо.

Иван Митев, М-Нет