
Штипјани со голема поддршка за протестот на Сојузот на синдикати, кој масовно се организира во Скопје. И тие бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, со цел младите да останат во државата. Покрај платите, граѓаните бараат и повторно зголемување на пензиите, бидејќи, како што велат, парите не им стасуваат ниту до средината на месецот, а цените во маркетите секојдневно растат.
Граѓаните се категорични, цените во маркетите се оган скапи, парата нема вредност, па се запрашуваат што воопшто купуваат со 1000 денари.
Во сголасност со ситуацијата, премиерот Мицкоски во последната изјава истакна дека минималната плата согласн законo ќе биде зголемена во месец март, односно со платите што ќе ги добијат работниците во април. И понатаму потенцираше дека сето она што ќе го постигнат синдикатите со работодавачите ќе го поддржиме.
Иван Митев, М-Нет